Се огласи Карлеуша за време на презентацијата на Вучиќ во Њујорк: „Одбранете го благородниот српски народ од историска злоупотреба“ (фото)

Јелена Карлеуша го поддржа претседателот на Србија, Александар Вучиќ за време на резолуцијата за Сребреница во Њујорк.Имено, Јелена, која е многу позната во светот, а на мрежите ја следат повеќе од 2 милиони корисници, објави слика од Александар Вучиќ од резолуцијата и порача:-Со целото мое срце сум со претседателот на мојата земја, кој во овој момент ја брани Србија и големиот благороден српски народ од историската злоупотреба на Обединетите нации! – напиша таа.Таа со објавата додаде и голем емотикон на српската тробојка.Да потсетиме, поп дивата Јелена Карлеуша вчера во својот Фејсбук статус напиша за денешната резолуција за Сребреница.Таа се огласи преку социјалните мрежи и нагласи дека има „чувство на беспомошност, додека ја следи политичката игра на соседите, Западот и Католичката црква“.Исто така, Јелена денеска, 23 мај, објави видео од една од изјавите на хрватската пејачка Северина Вучковиќ и брутално и’ одговори.

Пронајдете не на следниве мрежи: