петок, 20 ноември 2026
Најново

Се огласи МВР за случајот Марковски: Се вршат претреси поради сомнение за коруптивни кривични дела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според информациите од МВР, претрес се спроведува во дом, како и во службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола.

Акцијата се презема поради сомнение за сторени коруптивни кривични дела.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Министерството засега не соопштуваат повеќе официјални детали за тоа кои лица се опфатени со постапката, ниту за конкретните дела што се предмет на истрагата.

Според неофицијални информации објавени во медиумите, претресите се поврзуваат со постапување околу враќањето на пасошот на битолскиот бизнисмен Борче Марковски.

Повеќе детали за акцијата се очекуваат по завршувањето на претресите и постапувањето на надлежните институции.

Поврзани вести