Се огласи Северина: Откри дали била приведена и ставена во самоизолација

Во српските медиуми неодамна се појавија вести дека хрватската пејачка Северина Којиќ не ги почитувала мерките за самоизолација и од полицијата и била пронајдена на Бежаниска коса и однесена кај сантирен инспектор.
Имено, како што пишуваа медиумите Севе дошла од Хрватска во Србија за да го види својот син Александар на што има право да го гледа во вторник и четврток, но тоа не успеала во тоа, затоа што детето и неговот татко се во изолација заради коронавирусот.
Меѓутоа, Севе исто така треба да е во самоизолација затоа во март била во Швајцарија, а медиумите пренсуваа дека пејачката не ги испочитувала мерките, па затоа е уапсена.


Северина се огласи преку својот ПР и ги демантираше овие пишувања.
„Полицијата не ја бараше Северина Којиќ за време на нејзиното престојување во Белград, ниту пак беше однесена некаде, ниту пак ги кршеше препораките за заштита. Не е точно дека шеташе низ Белград. Неточно е дека Северина во Србија дојде од Швајцарија. Таа пристигна во Србија на 12.03. четири дена пред да се прогласи вонредна состојба. Не и се дадени никакви мерки за самоизолација од страна на надлежните тела на граничниот премин Бајаково, како ни по враќањето од Швајцарија во Хрватска“ велат од ПР-от на пејачката.
Како свесен граѓанин Северина ги почитува сите мерки и препораки за заштита.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.