Се одбележува Меѓународниот ден на жената – 8 Март

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика во Њујорк во 1911-та година во кој загинале над 140 жени…

8 Март е Меѓународен ден на жената. Главно се одбележува со подарок за најблиските од женскиот пол, но историјата на овој празник кажува дека треба да потсетува на унапредување на права на жените.

Денот на жените се одбележува во сеќавање на пожарот во текстилната фабрика во Њујорк во 1911-та година во кој загинале над 140 жени. Следувале и првите јавни демонстрации на жените, вработени во индустријата за облека и текстил.

Празникот е утврден на предлог на славната германска политичарка и борец за човекови права Клара Цеткин.

Пронајдете не на следниве мрежи: