Се одрекол од храна и пиел само пиво, а неговиот резултат ги шокирал сите

Ако ги следите новостите во светот на фитнесот и здравата исхрана, веројатно добро знаете дека овие поими не одат рака под рака со алкохолот.
Повеќето медицински експерти се сложуваат дека алкохолот, а особено пивото, придонесува до појава на здравствени проблеми како болести на срцето и црниот дроб. Пивото можеби е вкусно, но тоа не е хранливо.

Сепак, Дел Хал од Охајо стигнал до медиумите преку својата необична одлука. Тој најавил дека во наредните 46 дена ќе се одрече од храна и ќе пие само вода и пиво како дел од големиот Велигденски пост. Некои му кажале дека е луд и дека ќе умре, но никој не го очекувал она што всушност му се случило.
Хал ослабнал речиси 15 килограми. Тој редовно ги информира своите следбеници за напредокот па така открил дека за 30 дена, тежината му се намалила од 132 килограми на 117.
“Јас сум воен ветеран. Бев прв во сѐ и поминав многу предизвици во војска, а овој ми изгледаше особено интересен”, изјавил Дел за медиумите на почетокот на својот предизвик.
Сега заклучува дека неговото жртвување вредело, но предупредува на другите работи кои ги искусил за време на постот.

“Најчудната работа се моите соништа – секоја вечер сонувам храна. Ментално појасно размислувам, а по телесните активности помалку се потам”, открил тој.
Инспирација за предизвикот му биле баварските пивари кои во 17-тиот век го преживувале постот преку истата диета на која се подложил и тој.
“Најдобрите баварски пивари одлучиле да практицираат ваква диета и ја одржувале во текот на постот. Го нарекувале пивото “течен леб”, појаснил Хал и додал дека ќе продолжи да пие пиво до крајот на постот бидејќи е импресиониран од резултатите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.