Се ожени пратеникот Мухамед Зекири, кум му стана премиерот Заев

Пратеникот Мухамед Зекири ја круниса својата долгогодишна љубов со поранешната директорка на телевизијата “Алсат М“, Бисера Јордановска со брак.  Венчавката се случила во хотелот Double Tree by Hilton, каде потоа продолжила свадбената веселба, пренесе “Фактор“.
Кум на свадбата бил премиерот Зоран Заев заедно со неговата сопруга Зорица Заева. На свадбената прослава присуствувале и блиските пријатели на Зекири и Јордановска, меѓу кои бројни новинари, нивни поранешни колеги.
Зекири кој долги години беше главен и одговорен уредник на телевизијата “Алсат М“, како и новинар во неколку други медиуми во земјава во моментов е потпретседател на владејачката СДСМ и пратеник во Собранието.
Неговата, сега веќе сопруга Бисера Јордановска, пак, е поранешна директорка на “Алсат М“ телевизија.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.