Се отвораат границите од петок, 26 јуни

Се отвораат границите од петок, 26 јуни

Од петок, 26 јуни, без ниту еден услов ќе може да се влегува во Македонија на сите гранични премини. Движењето на патниците и возилата ќе биде слободно, без приложување ПЦР тест и задолжителна домашна изолација или државен карантин.

Сите македонски државјани кои се во странство, а сакаат да се вратат дома сега ќе можат без ограничувања да го сторат тоа.

Обратното, односно патувањето за нашите државјани е малку посложено. Македонците што сакаат да патуваат надвор од земјава, речиси каде и да заминат, освен во Србија, Косово и Албанија, се обврзани на условите – негативен тест и карантин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.