Околу 50 километри јужно од Пекинг во тек е огромен градежен проект, кој по завршувањето официјално ќе стане најголем аеродром во светот.
Со отворањето, кое моментно е планирано за 30 септември, изградбата на аеродромот Дакинг во кинескиот главен град досега чинела само 12 милијарди долари.
По завршувањето новиот аеродром ќе работи како втор меѓународен аеродром во Пекинг, со цел да се намали притисокот врз веќе постоечкиот Меѓународен аеродром во Пекинг.
Според „Бизнис инсајдер“, прцо ќе бидат пуштени во употреба четири писти, а аеродромот Дакинг моментно има седум писти.