Се отвора најголемото панорамско тркало на светот: Поглед кон Дубаи од 250 метри височина

Беа потребни години планирање и изградба за најголемото панорамско тркало на светот конечно да започне со работа, а свеченото отворање се очекува на 21 октомври.
„Ain Dubai“ се наоѓа во Дубаи на вештачкиот остров „Bluewaters“. Панорамското тркало е високо 250 метри и е речиси двојно поголемо од славното Лондонско око. Големото тркало кое нуди поглед за паметење истовремено може да „угости“ 1750 посетители.

Во една од 48-те кабини кои бавно се вртат, пружајќи неверојатен поглед кон Дубаи, посетителите можат да уживаат 38 до 76 минути, во зависност од тоа за кое возење ќе се одлучат.
„Ain Dubai“ нуди 19 различни искуства во возењето и 3 вида кабини: од стандардни до приватни и кабини кои можат да се изнајмат за групи. Освен во прекрасниот поглед од џиновското тркало, можете да уживате и во разновидната понуда на храна и пијалаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.