По она што може да се види судирот и протестите се за кој да седне во фотељите, а не за ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ. Мислевме дека хаштагот „НЕ У ЕУ“ е можеби грешка на некоја зобриена глава. Но сега произлегува дека тоа е наратив ОФИЦИЈАЛЕН и на партијата на Мицковски како и на Левица (која има доста спорно однесување по прашање на Русија).
Ми се чини дека на опозицијата и е јасно ако се почне со преговори за полноправно членство дека истата ќе нема што да бара на политичката сцена. ДПМНЕ е оптоварено со внатрешни пресмети, незадоволства, фракции и запленет имот (со пресуда во прв степен).
Во една таква безизлесна состојба ДПМНЕ мора да произведе конфликт за да направи замена на тези. Друга варијанта не постои.
Сепак она што е интересно е дека Б.Ц. ги вклучил електомоторите за да нема договор со Бугарија и да продолжиме да вртиме во место. Подолго време се зборува дека токму тој е ментор на процесите и планирањата околу Мицковски, и околу Данела, како и пресметката со Заев. На некој начин, кулоарите зборуваат, што ќе замисли Бранко тоа на терен се остварува. И дека тој всушност има контрола и во СДСМ и во ДПМНЕ.
Останувањето надвор од ЕУ интеграција би било погодно за ваквите играчи. Да не се сузбие корупцијата а партиите да се користат како извор на моќ и контрола врз целата држава. Еден вид на мафија преоблечена во партиска иконографија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.