Се очекува до 15 ноември на планетата да има осум милијарди жители

Се очекува до 15 ноември на планетата да има осум милијарди жители

„Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг“, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Се очекува до 15 ноември на планетата да има осум милијарди жители

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат денеска објавените проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН. Според истите податоци, до наредната година Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.

„Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг“, изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Тоа е, исто така, „време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца“, додава тој.

Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година.

Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави – Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.