Се очекува Меј денес да го објави датумот на својата оставка

Како што јавуваат британски медиуми, се очекува премиерката Тереза Меј денес да го објави датумот за своја оставка. Тоа, пак, ќе покрене “трка” за нов лидер, кој најверојатно ќе инсистира на поодлучен договор за Брегзит.
По безмалку три години мандат како премиер, Меј денеска ќе има состанок со моќната конзервативна група наречена “Комитетот од 1922″, која може да го постави или отстрани премиерот. Меј ќе остане на функцијата за време на внатрепартиските избори во Конзервативната партија кои траат околу шест недели. Изборната трка на конзервативците најверојатно ќе започне на 10 јуни, по посетата на претседателот Доналд Трам на Британија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.