Комбинацијата на овие состојки го прави напитокот толку моќен што ќе ги истопи сите масни наслаги кои ги имате.
Се пие секое утро на празен стомак, а по потреба, доколку почувствувате глад, можете да го консумирате и помеѓу оброците.
Потребни состојки:
– неколку парчиња ананас
– неколку листови свежо нане
– 1 лимон
– парче свеж ѓумбир
– 1 лажичка мед
Начин на подготовка:
Ставете го ананасот и ѓумбирот во блендер и измиксирајте. Исцедете го лимонот, додајте го исечканото нане и засладете со лажичка мед.
Овој напиток за многу кратко ќе започне процес на детоксикација, исфрлање на вишокот течности и согорување на масните наслаги.
Ѓумбирот ја зголемува телесната температура и на тој начин ги согорува мастите. Медот има подеднакво дејство на загревање.
Лимонот и нането ја подобруваат брзината на варење и согоруваат повеќе калории.
Ананасот е пресудна состојка на овој напиток бидејќи го содржи ензимот бромелаин кој поволно делува на слабеењето и има антивоспалително дејство, со што ја намалува надуеноста на стомакот. Фруктозата во неговиот состав ја намалува желбата за слатки, а со самото тоа ќе го намалите и внесот на калории во текот на денот.