Се плаши ли Владата на Франција од државен удар?

Иако француските власти соопштија дека се отфрла планот за зголемување на данокот на горива, движењето „Жолтите елеци“ продолжува да протестира. Како што јавуваат француските медиуми властите се плашат дека движењето „Жолти елеци“ ќе се обиде да изврши државен удар. Специјалните служби ги предупредиле властите на заканите со смрт и повиците на „Жолтите елеци“ за земање оружје во раце. Вработени во одредени министерства добиле наредба да не се појавуваат на работните места за време на викендот.
Утрово во Франција протестите почнаа драматично, со превентивни апсење на 320 лица и фрлање солзавец. На улиците се распоредени 89.000 полицајци, од кои само во Пароз 8.000 и оклопни возила на француската жандармерија.
Во обид да стасаат до Елисејската палата демонстрантите беа пресретнати од полициските сили, по што избија судирите.
Од денес протестите „жолти елеци“ се проширија и надвор од границите на Франција, па демонстрации почнаа и во Холандија и Белгија.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.