Поранешниот шеф на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Дејвид Петреус смета дека Израел ќе се соочи со огромни тешкотии за време на планираната копнена операција во Појасот Газа.

Тој изјави за Сандеј тајмс дека израелските команданти се соочуваат со „исклучително тешка задача“ да водат војна во урбана средина, имајќи предвид дека „Хамас имаше месеци да се подготви за тоа“.
- ,,Уставни измени под итно!” – Марта Кос го претстави пакетот за проширување: Додека Црна Гора и Албанија брзаат кон членство, Македонија не е ниту на мапата
- Која е Сара Џукаку, сопругата на Абдул Ел-Сајед, која беше цел на Трамп поради нејзиниот хиџаб?
- Вајц ја повика Кос да вложи дипломатски напори за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија
- Зошто болката во вратот постојано се враќа: Физијатар предупредува на грешки што го забавуваат закрепнувањето
- Сопругата на Мишo Ковач му оддаде почит со моден детал: Носеше очила по кои го паметиме
- Брисел со забелешки во извештајот за Македонија: Нема уставни измени, ниту напредок во борбата против корупцијата
- ЕК: Уставните измени и реформите во правосудството остануваат клучни предизвици за Македонија на европскиот пат
- Макс доаѓа: Мета направи робот што работи дома
- Европската комисија ги повикува граѓаните да подготват залихи за преживување во првите 72 часа од криза
Во една од најгусто населените области во светот, со широк систем на тунели, Израелците ќе мора да го користат своето оружје „во најтешката средина што може да се замисли“.
- Дури и ако Израел успее во тежок напад врз Газа со многу високи цивилни жртви, неговите акции нужно мора да бидат вкотвени во повоената стратегија за запирање на прегрупирањето на непријателот. Во спротивно, ризикува да ги повтори грешките што ги направија САД и нивните сојузници во Ирак – рече Петреус.
– Најголемата лекција од она што се случи во Ирак е дека треба добро да размислите што ќе правите кога ќе ја преземете контролата врз одредена област – изјави поранешниот шеф на ЦИА.
Како што претходно објави „Њујорк тајмс“, израелската копнена операција во Појасот Газа требаше да започне овој викенд, но беше одложена „неколку дена“ поради облачното време што ќе ја отежне способноста на израелските пилоти и операторите на беспилотни летала да ги поддржат копнените сили.
Пронајдете не на следниве мрежи:



