Се подготвува кривична пријава за Коце Трајановски

Градот Скопје најави дека ќе поднесе кривична пријава за претходното раководство предводено од градоначалникот Коце Трајановски за договор за давање под концесија на дел од билбордите во Скопје. Се работи за 250 локации за билборди кои на јавниот повик што го распишал Град Скопје кои ги добила фирмата „Медиас ДООЕЛ“, но која време отишла во стечај, па концесијата со потпис на ексградоначалникот Коце Трајановски била пренесена на фирмата „Лид Медиа“.
„Незаконски е договорот да се пренесе на друго правно лица. Доколку фирмата со која е потпишан договор отиде во стечај тогаш постапката треба да се повтори односно да биде распишан нов јавен повик, не може договорот да се пренесе на друго правно лице. За овој случај Град Скопје ќе поднесе кривична пријава за одговорните лица кои дозволиле да се склучи ваков договор“, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.