Ќерката на Еминем, Хејли Џејд Скот Матерс ја сподели среќната вест дека таа и нејзиниот сопруг Еван Меклинток добија машко бебе.
На социјалните мрежи таа сподели фотографии од момчето на кое го нарекоа Елиот Маршал Меклинток. Таа му оддаде почит на нејзиниот татко, чие име е Маршал.
Бебето се родило на 14 март. Во коментарите на Инстаграм нивните следбеници им испратија бројни честитки за новороденчето.
„Неговото средно име ме тера да плачам како да сум дел од твоето семејство“, „Добре дојде бебе Шејди“, „Веќе можам да го замислам неговиот прв mixtape“, „Изгледа на Еминем“, се некои од коментарите.
View this post on Instagram
A post shared by Hailie Jade (@hailiejade)
Потсетуваме, во октомври минатата година, во спотот за песната „Temporary“, Еминем откри дека ќе стане дедо. Хејли и Еван се венчаа минатиот мај.
“Оваа недела се разбудив како сопруга. Не можевме да замислиме подобра и поубава прослава. Беа пролеани толку солзи радосници. Многу се смеевме и можеше да почувствуваш толку многу љубов”, напиша тогаш таа. Таа го запознала Еван на универзитет, а почнале да се забавуваат во 2016 година.