Пејачката Јелена Марјановиќ (33) пред седум и пол години трагично го заврши својот живот, а нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ првично беше осуден на 40 години затвор за нејзиното убиство, а потоа пред неколку дена му беше укината казната и судењето беше вратено на почетокот.
Јелена по бракот ја остави кариерата на страна и се посвети на семејството.
Сепак, таа беше блиска со одредени луѓе од естрадата, како пејачката Александра Пријовиќ со која настапуваше.
View this post on Instagram A post shared by estradnimuzickivremeplov (@estradnimuzickivremeplov)
Така двете пееја заедно на 19 јули 2015 година на свадба во Република Српска. Александра Пријовиќ и Јелена Марјановиќ имаат и заедничка фотографија.
Да потсетиме, освен со Пријовиќ, се чини дека Јелена се дружела и со многу други познати личности, па неодамна се појави фотографија од 2000 година на која била во друштво на Јане Тодоровиќ и Стоја Новаковиќ.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.