Стив Дигироламо пронашол тајна соба во својата куќа која порано била црква, но изненадувањата не завршиле тука. Имено, Стив купил стара куќа и решил да ја реновира, а потоа открил тајна соба во која никој не стапнал цели 100 години.
Стив мислел дека можеби ќе најде нешто интересно внатре, па ги повикал пријателите да му помогнат да влезе во собата, која била на висина од дваесет метри. Прво ги натрупале душеците па тој некако успеал да се качи и да ја отвори вратата, но не откри што нашол внатре.
- Се гасат запалени депонии низ Скопје – затекнати и казнети лица при палење
- Биткоинот не запира – новата рекордна вредност е речиси 80.000 долари
- САД: Државен службеник им наредил на работници да не им помагаат на гласачи на Трамп по ураган
- Голем дефект го остави половина Скопје без електрична енергија
- Гори планината Беласица, надлежните на терен!
- (ВИДЕО) Тренер од Косово шамараше 8-годишна теквондистка затоа што загуби од Србинка!
- Уште едно препукување меѓу Илон Маск и неговата трансродова ќерка: „Валкан мал изрод“
- НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Во петок почнува обврската за задолжителна зимска опрема
- Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните
Во следното видео, тој објасни како купил скала и се качил на мистериозната врата и влегол во просторијата каде што го нашол јажето.
,,Забележав јаже на подот. Мојот пријател го следеше јажето и го повлече за да види за што служи. Беше поврзан со ѕвонче што ѕвони”, објасни тој, а потоа на видеото го покажа ѕвоното како виси.
Меѓутоа, ѕвоното не било единственото откритие што го нашол тој ден.
Ново откритие
Пронашол клуч заглавен во бравата на вратата: „Мислам дека никој не го допрел 100 години. Откако успеав да го извадам, сега можам да ја отворам тајната врата“, покажал на видеото кое собрало милион прегледи и на социјалните мрежи.
„Ништо не би допрел. Тоа е дел од историјата“, „Не менувај ништо“, „Убава соба во камбанаријата“, се дел од коментарите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.