СЕ ПРЕТЕРА СО ЦИГАРИТЕ! НАРОДОТ РЕАГИРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

РЕАКЦИЈА НА ГРАЃАНИ НА ФЕЈСБУК:

Се претера со цигарите. Одиш во ресторан, јадеш врвна храна, добиваш врвна услуга, си одиш дома труеш ко пепељара.

Одлучивме да го пренесеме овој статус кој се рашири по мрежите затоа што во целост се сложуваме со протестот. Насекаде се пуши и нема никаква регулатива што се применува.
СЕ ПРЕТЕРА ЛИ СО ЦИГАРИТЕ? НАРОДОТ РЕАГИРА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Можеме ли да сме толку мизерни и неразумни – живееме во еден од најзагадените градови во светот, а и цела држава не е цвеќе за мирисање и наместо итни измени на Законот за заштита од пушење да бидат донесени, сe’ е удрено на весеље.

А бевме авангардни со тој закон, многу поразвиени земји од нас го немаа кога ние го имавме. Кафана/ресторан е дел од нашиот менталитет, нам таа работа ни е важна, тоа е дел од нашето постоење. Ама треба истото да биде достоинствено.

Вака, непушачите сме заложници на пушачите и на интересите на угостителите, а и на големо се врати навиката за пушење, што е поразително! И не се вадете со тераси, одвоени простории, такво нешто не постои!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.