Се претставувал како адвокат, иако функцијата му била во мирување: Охриѓанец заработи кривична

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“.

Пријавениот, иако адвокатската функција му била ставена во мирување поради тоа што бил правобранител, сепак во три наврати застапувал странки во постапки пред надлежен суд.

Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело, појаснуваат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: