Таа беше погребана во Куќата на цвеќето, каде што беше погребан и Јосип Броз, со државни и воени почести.
Таа до смртта живеела во трошна вила на Дедиње, без струја.
Лични документи добила дури во последната деценија од животот.
За животот на Јованка беа создадени многу теории на заговор и додека беше жива и по нејзината смрт, а една што ја шокираше јавноста е неверојатната исповед на брачниот пар Мартинец.
Според нивните тврдења, Јованка од почетокот на војната во 1941 година до крајот на 1943 година живеела во Загреб под името „Мери“ во нивната зграда.
Дека тоа е Јованка, наводно, сфатиле дури во 1952 година кога било објавено дека се омажила за Јосип Броз Тито.
Велат дека веднаш ја препознале девојката со бел тен, многу густа коса и силни нозе, која се шета по улиците на Загреб.
Не знаеја дали таа престојува таму на партиска задача, но, како што им се чинеше, нејзиниот начин на живот не наликува на нагласената дисциплина што партијата ја бара од своите следбеници.
Тие истакнаа и дека „Мери“ се гледала со италијански офицери како и со добро облечени и елегантни цивили кои не зборувале хрватски и дека често доаѓала во станот расплакана и со модринки.
Утре се одбележуваат 10 годиниод нејзината смрт. Таа почина на 20-ти октомври 2013-та година.