Се работи на протоколот за враќање на децата во градинките

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата соопшти дека се работи на протоколот за згрижување на децата во градинките и оти разменуваат детали Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика.
Одговарајќи на новинарско прашање кога се планира отворање на градинките, Филипче рече дека целиот процес ќе биде искоординиран со враќањето на родителите на работа.
-Некои детали разменуваат Комисијата за заразни болести и тимот од Министерството за труд и социјална политика. Верувам дека следната недела ќе заврши тестирањето и веднаш после тоа, меѓутоа тоа ќе биде и во согласност со одлуките да се вратат дел од луѓето на работа за да тоа биде еден координиран процес, рече Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.