Се разбудил вулканот на Камчатка, но тоа не ги загрижило овие планинари: Испекле колбаси на лавата

Вулканот Кључевска сопка на Далечниот исток на Русија на Камчатка е повторно активен.
Потоците од лава почнале да се слеваат, а во регионот е прогласена опасност.
Во меѓувреме, тоа не спречило група руски планинари, откако се качиле на активниот вулкан во текот на ерупцијата, да испечат колбаси на лавата.
Инаку, локалното население го смета за светилиште, а ерупции се случуваат речиси секоја година.
Кључевската сопка е најактивен вулкан на Евроазискиот простор, чија висина изнесува 4.649 метри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.