Комисијата за заразни болести ја разгледува можноста за прогласување нова вонредна состојба и воведување полициски час,вели Александар Стојанов, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје и член на Комисијата за заразни болести. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките. Зголемените бројки на новозаразени во есенскиот бран Стојанов вели дека се резултат на масовното непочитување на мерките.
„Сите опции се ставени на маса. Размислуваме и за нова вонредна состојба и за полициски час. Тоа се мерките кои можеме да ги препорачаме доколку се продолжи со ова темпо. Дали и кога ќе ги препорачаме, зависи од исполнетоста на болниците. Сите болници веќе се полнат, но сè уште има слободни места, а ја имаме и монтажната болница“, вели директорот Стојанов.
Тој апелира да се носат маски оти, засега, нема друга алтернатива за заштита од вирусот, но разочаран е од олабавениот однос на граѓаните кои во секој момент може да станат пациенти.
„Сведоци сме дека други земји ги затвораат кафеаните, еве на пример Белгија, а ние се соочуваме со притисоци од угостителите поради мерките што ги предлагаме. Сведоци сме и дека цело лето не се почитуваат мерките. Имаше групирања, неносење маска, а исто е и сега. Не носат маска додека се на работа, велат колеги им биле, а протоколот е јасен – маска треба да се носи и на работа“, вели директорот Стојанов.