Се размислува за ограничување на движењето на повозрасните македонски граѓани

Државата размислува за нови дополнителни мерки за превенција на ширењето на коронавирусот и заштита на најкритичните, наризичните групи граѓани. За нив утре ќе дискутира Комисијата за заразни болести, која ќе ги достави до Централниот штаб, а по тоа и по потреба и до Владата.
– Станува збор за граѓаните над 65 години за кои сметаме дека и дополнително освен полицискиот час треба да им биде ограничено движењето преку ден, нормално со дозвола да се движат во раните утрински часови да се задоволат потребите, посета на аптеките и продавниците, но, не и преку останатиот дел од денот, како и за граѓани кои го шират вирусот, а се до 18 години и после дискусијата ќе ги соопштиме мерките, појасни Филипче додавајќи дека дополнителни информации ќе има во текот на утрешниот ден.


Тој апелираше сите граѓани да ги почитуваат мерките, бидејќи како што рече, ништо не може да направат здравствените работници ако граѓаните не им помогнат.
-Никогаш досега како сега не ни била потребна помошта од сите граѓани, од сите жители на нашата држава, нам, на здравствените работници вкупно 23.000 на сите два милиони граѓани на нашата земја. Ние тоа сами нема да можеме да го направиме. Сите овие мерки ги носиме и апелираме да се почитуваат. Тоа е целта. Имаме зголемување на бројот на случаи и тоа е очекувано. Ќе се зголемува и понатаму. Мораме да ги почитуваме сите овие мерки за да ја спласнеме кривата на раст на заболени од коронавирусот. Тоа се случува насекаде во светот. Само таму каде што се почитуваат мерките имаме соодветен резултат. Сигурен сум и верувам дека и овие мерки што вчера ги донесовме на Влада и тие што ќе ги дискутираме утре ќе дадат резултат. Но, апелирам луѓе почитувајте ги мерките што ги носиме, рече министерот Филипче.
Тие мерки, истакна, се согласно развојот на оваа болест во нашата земја. Сите се издржани, имаат медицинска оправданост зашто се воведуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.