Се разрешуваат директорите во М-НАВ – еве што препорача Владата

Во М-НАВ се случуваат промени на директорските места, а според информации на ТВ21, Хасим Деари останува на својата позиција.

Според нивни информации, промени има и на местото на Фахрудин Хамиди, каде доаѓа Илир Мехмеди, а на местото на Љубе Стаменковски доаѓа Милан Корач.

Овие промени доаѓаат по инцидентот во М-НАВ кога вработен со уште седум лица влегоа во институцијата и нападнаа друг вработен.

Владата на седницата која е во тек заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на М-НАВ од должноста членови на Управниот одбор да ги отповика Фахрудин Хамиди, кој е воедно и извршен директор, и Љубе Стаменковски, секторски извршен директор.

Пронајдете не на следниве мрежи: