Централното собрание на Движењето Беса вечерва со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство, а лидерот на партијата Билал Касами го овласти да продолжи со разговорите за спојување во Влен.
– Собранието на Движењето оцени дека треба да се отвори патот за структурирање на ВЛЕН и ја донесе оваа одлука врз основа на мораториумот за партиски активности од страна на субјектите што го сочинуваат ВЛЕН, информираа вечерва од партијата.
На состанокот била дискутирана и работата на функционерите на Беса во Владата и како што се наведува во партиското соопштение членовите на Собранието ја поддржале изјавата на Касами дека Беса има капацитет за многу повеќе работа отколку што е сработено досега.
– Анализата на работата на функсионерите ќе продолжи во наредните денови, додека наодите ќе бидат одразени во идната реконструкција на Владата, велат од оваа партија.
Пронајдете не на следниве мрежи:


