Демократската партија на премиерот Павел Филип во Молдавија соопшти дека се повлекува од власта и ја распушта Владата, за да се спречи политичка криза во земјата.
-Оставка на Владата на Павел Филип е единствено можно и легитимно решение за да се спречи политичката криза“ изјавил заменик лидерот на партијата, Владимир Чеботар, пренесе Ројтерс.
По изборите во февруари настана пат позиција, Владата на Павел Филип продолжи да работи во технички мандат. Молдавските партии неодамна се согласија да формираат Влада и да ја именуваат Маја Санд, поранешна министерка за образование и советничка во Светска банка, но нивниот сојуз предизвика судири со Демократската партија на Молдавија и со Уставниот суд, кој го смени претседателот Игор Додон и го постави поранешниот премиер Павел Филип за привремен претседател.
Потоа, Филип го распушти парламентот и потпиша декрет за одржување предвремени избори во септември. Додон, кого Уставниот суд го смени, ја поништи таквата одлука.