Се руши бетонската база на Нефи во Охрид

Се руши бетонската база на Нефи во Охрид

Сепак и покрај бројните контроверзи денеска започна уривањето на бетонската база во сопственост на фирма на охридскиот бизнисмен Нефи Усеини.

Базата на Нефи се наоѓа на патот кој води кон Струга покрај охридската населба Далјан и истата изградена на самиот езерски брег, на само десетина метри од водата.

Нефи до градоначалникот на Охрид, како и до јавноста се обрати со отворено писмо: „На градоначалникот Константин Георгиевски и останатите надлежни институции треба да им биде јасно дека крајбрежјето и голем дел од заштитните зони на овој регион долги години бесправно се злоупотребуваат од страна на стотици фирми и поединци! Затоа упатувам порака до сите надлежни да не постапуваат селективно во овој процес и конечно сите без исклучок да ги почитуваат законите.“

Усеини вели дека ќе се урива една недела поради нејзината габаритност. Истата беше посочувана од јавноста и еколошките друштва, како една од главните кои го загрозуваат статусот кој Охрид го има под заштита на УНЕСКО.

Општината Охрид пред неколку дена почна да урива и други дивоизградени објекти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.