Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас привлекоа внимание за време на викендот посветен на трката во Формула 1 во Монако, каде што покажаа дека се уште се заљубени по 25 години брак.
На социјалните мрежи, актерката сподели заедничко селфи направено на бродот, на кое позира со својот сопруг додека во позадина доминира препознатливиот пејзаж на Монако. Двајцата носеа капи и темни очила за сонце, а нивните насмевки не изостанаа.
Catherine Zeta-Jones and Michael Douglas Pose for Scenic Selfie on Boat While in Monaco for Star-Studded Grand Prix pic.twitter.com/yuliloXtQZ— Barnabe AI Music (@AbayoBarnabe01) June 7, 2026
Покрај опуштените моменти на вода, двојката беше фотографирана и за време на прошетка низ Монте Карло, каде што се држеа за раце додека ги гледаа настаните поврзани со една од најпрестижните трки во календарот на Формула 1.
Меѓу познатите личности кои присуствуваа на тркачкиот викенд беа Ким и Клое Кардашијан , Синтија Ериво и модниот дизајнер Томи Хилфигер.
Ова не е прв пат Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас да уживаат на Големата награда на Монако. Двојката беше видена на истиот настан во 2023 година, додека минатата година присуствуваа на трката од Формула 1 во Лас Вегас со нивниот син Дилан.
Нивното заминување во Монако следеше неколку месеци откако прославија голем јубилеј, односно 25 години брак. По тој повод, актерката сподели емотивна порака на Инстаграм во која се присети на денот на нејзината венчавка и му се заблагодари на својот сопруг за годините љубов и поддршка.
Мајкл Даглас одговори со објавување на стара заедничка фотографија и романтична честитка, уште еднаш потврдувајќи дека нивната љубовна приказна сè уште трае.
Двојката има две деца, синот Дилан и ќерката Карис, и се смета за еден од најдолготрајните и најстабилните холивудски бракови.
The post Се сакаат како од првиот ден: Најпознатиот пар на Холивуд ги засени сите на улиците на Монако appeared first on Во Центар.



