Се самоуби синот на Тина Тарнер

Синот на пејачката Тина Тарнер, Крег Рејмонд Тарнер (59) се самоуби со огнено оружје во својот дом во Студио Сити, Калифорнија.


Локалните власти потврдија дека тој вчера напладне бил пронајден мртов. Неколку часа претходно, неговата мајка гостуваше на Џорџо Армани шоуто на модна недела во Париз.
Крег беше најстариот син на познатата пејачка и на познатиот саксофонист Рејмонд Хил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.