Најдебелото дете на светот кое пушело по 40 цигари на ден и консумирал неверојатно голема количина на храна, престанал со своите пороци и денес е непрепознатлив.
Адри Ризал, стана интернет сензација која предизвикала критики и неверување, откако се раширила веста дека 2 годишно дете пуши по две кутии цигари на ден.
Арди за „Си-Ен-Ен“ изјавил дека пушењето бил тежок порок од кој морал да се ослободи. „Беше тежок процес за мене да се откажам. Кога не пушев, чувствував киселини во устата и вртоглавици“, зборувал тој за мрежата. „Сега сум среќен. Чувствувам повеќе енергија и моето тело е полно со виталност“.
„Се плашев за неговото здравје. Се плашев дека ќе умре. Беше многу нервозен, ја удираше главата од ѕид секогаш кога одбивав да му дадам цигара“, рекла неговата мајка.
Според неговите родители, Арди почнал да пуши кога татко му ја дал првата цигара – на само 18 месеци.
Откако се откажал од цигарите, Арди брзо развил љубов кон нездравата храна и добил вишок килограми, што ги поттикнало неговите родители да побараат стручна помош.
Сега, со помош на нутриционист, Арди бил ослободен од сите зависности и одлично се снаоѓал на училиште.