Се сеќавате ли на Сара Кеј? Најубавиот спомен од нашето детство

Колкумина од вас се сеќаваат на слатките сликички и стихови со Сара Кеј? Ги паметите ли уште убавите стихови?
Не ти праќам цвет кој брзо ќе свене,
Ти испраќам писмо,
Сети се на мене.
Многу грижи има,
Што ли и се случи?
Откако се заљуби,
Не може да учи.


Сѐ што ќе стекнеш во животот,
Сѐ е празно, сѐ
Сѐ може да се заборави,
Но другарството, не!
Познавам момчиња од секаква сорта,
Но ти си ми посладок од секаква торта.
Уште те сакам,
Можеби е грешка,
Додека те сакам,
На друг му се смешкам.
Колку го сакам,
Само јас си знам,
Неговото име
Не го кажувам.
Срцето ми вели,
Дека тој е нај,
Ако ме сака,
Ќе дојде на чај.
Некој го сака Охрид,
Некој ја сака Струга,
Јас те сакам тебе,
А ти сакаш друга.
На ѕидот часовникот
За спиење веќе чука,
Добра ноќ и убав сон,
Не плаши се, јас сум тука.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.