СЕ СКРАТИ РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА КАФЕАНИТЕ И КАФУЛИЊАТА- еве ги деталите

Скратување на работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна, е мерката што ја усвои денеска Владата на предлог на Комисијата за заразни болести за да се спречи ширењето на ковид-19.
Оваа одлука за работното време важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а од неа се исклучени угостителските објекти на аеродромите во Скопје и во Охрид.
На владината седница донесена е и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор по 21 часот, како и препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на државата после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.