На 02.07.2024 во СВР Струмица било пријавено дека околу 10:00 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица, двајца вработени во комунално претпријатие се здобиле со повреди при извршување на работни задачи.
Тие биле пренесени во здравствена установа за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.