Поради невремето кое денеска го зафати северниот и централниот дел на Хрватска, на летот на Кроација ерлајнс од Дубровник за Загреб настана паника кога гром удри во авионот непосредно пред слетувањето.
„Токму кога се приближувавме до Загреб и почнавме да слетуваме и поминавме низ облаците, гром удри во авионот. Одеднаш се појави сина светлина и имаше многу силен удар, како да сте во судир“, изјави патник кој се наоѓаше на тој лет, пренесе 24 sata.hr
Во тој момент настанала паника, а патникот вели дека врисоци се слушнале и во авионот.
„Кога сфатија што се случи, се смирија. И покрај турбуленциите, набрзо успеавме да слетаме“, додаде тој.
Портпаролот на авиокомпанијата „Кроација ерлајнс“ Давор Јанушиќ потврди дека авионот бил погоден од гром.
„Пред слетувањето, капетанот пријавил дека има удар на гром. Авионот бил детално прегледан и не е констатирана штета, така што повторно ќе биде вклучен во сообраќајот според планираното“, рече тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.