Се смирија Блејк Лајвли и Тејлор Свифт: Долгогодишните пријателки повторно разговараат

Тејлор Свифт и Блејк Лајвли повторно почнаа да се дружат откако медиумите открија дека не разговараат некој период.
Имено, нивниот однос се промени кога актерот и режисер Џастин Балдони ја именуваше Тејлор Свифт во неговата тужба против Блејк Лајвли. Медиумите тогаш објавија дека поради тоа не разговарале со месеци и дека Тејлор била лута што била вовлечена во правна битка со Балдони.
Сепак, извор сега им кажа на медиумите дека дуото „ги средиле работите и „повторно разговараат“.
Се вели дека на Тејлор и е непријатно да учествува во тужбата, откако адвокатскиот тим на Џастин го искористи примерот со нејзиното престојување во куќата на Блејк како пример за заплашување.
Во својата тужба, Џастин тврди дека Блејк ја донела Тејлор на состанок за промени во сценариото и дека актерката ја искористила својата „мега-славна пријателка“ за да го заплаши. Сепак, изворите оттогаш тврдат дека Тејлор немала намера да биде таму на состанокот и дека едноставно билз таму за да се сретне со пријател.
“Ова беше прв пат Тејлор да се сретне со Џастин. Таа немаше поим кој е тој, а Тејлор беше само љубезна. Беше љубезна со него како и со сите што ќе ги сретне”, изјавил претходно извор за Мејл.
Иако изјавата на Тејлор може да се смета дека ја споделува нејзината страна од приказната, некои обожаватели се разочарани од нејзината тишина за расправијата до овој момент.
Извор претходно сподели дека тимот на Џастин може дури и да ја искористи тишината на Тејлор, објаснувајќи: „Некои луѓе мислат дека Тејлор треба да нуди утеха и да ја користи својата платформа за да ги собере обожавателите за поддршка на она што е правилно“.
Наместо тоа, се чини дека Тејлор молчеше и остана далеку од очите на јавноста. Тоа најверојатно ќе игра улога во одбраната на Џастин.
Потсетуваме, Блејк Лајвли во декември поднесе тужба против Џастин Балдони за сексуално вознемирување. Џастин потоа ги тужеше Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за 321 милион фунти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да му ја уништат репутацијата и кариерата.

Пронајдете не на следниве мрежи: