Се снима продолжение на “Жикина династија”- можете да претпоставите кој е во главна улога

Серијалот “Жикина династија” некогаш ги полнеше кино салите, а сега комисијата ФЦС процени дека продолжувањето на култната франшиза “Луди години” има потенцијал и одобри кофинансирање на овој проект со 22.5 милиони динари на конкурсот за комерцијален репертоарски филм.

“Луда година” е продолжението, но и таканаречениот “рестарт” на “Жикина династија” . Во центарот на оваа приказна се наоѓа внукот на Жика, Мишо, кој исто како и во оригиналниот серијал ќе го игра Никола Којо.

Миша во новото продолжение има двајца синови од кои едниот е во „лудите години“ со кои тој ќе видиме како ќе се справи  и дали ќе ги применува советите на дедовците.

Заљубениот млад пар, Боба и Марија, поминаа низ различни неволји со своите семејство во продолженијата кои беа снимени пред околу 30 години: “Дошло доба да се љубав проба”, “Иди ми дојди ми”, “Љуби, љуби, но глава не губи”, “Жикина династија”…Репризите во сите држави на поранешна Југославија, сеуште бележат голема гледаност. Ова беше уште една препорака за ФЦС комисијата да го одобри новото продолжение.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.