Се снима ТВ серијата „Хари Потер“

„Ejч-би-o макс“ го потврди снимањето на ТВ-серијата „Хари Потер“, во соработка „Ворнер брос Дискавери“. Засега нема многу подробности за приказната или кој ќе ги глуми главните ликови, но „Варајети“ (Variety) пишува дека се планира целосно нова актерска екипа (видео).

„Вашето писмо до Хогвортс е тука. ’Макс’ ја нарача првата ТВ-серија за Хари Потер, верна адаптација на иконските книги“, напишаа продуцентите на Твитер покрај видеонајавата. – „Секоја сезона ќе биде автентична за оригиналните книги и ќе ги носи Хари Потер и неговите неверојатни авантури пред нова публика ширум светот, додека и оригиналните, класични и сакани филмови ќе останат во срцето на брендот и достапни за гледање низ целиот свет“, се вели во соопштението.
Натаму, секоја од сезоните би го земала заплетот од една од седумте книги, што значи дека серијата би се снимала со години. Претходно се пишуваше дека авторката на книгите, Џ.К. Роулинг треба да учествува во создавањето на серијата. И таа вест сега е потврдена.

– Во партнерство со „Ворнер брос ТВ“ и Џ.К. Роулинг, оваа нова серија ќе нурне длабоко во секоја од култните книги во коишто обожавателите продолжија да уживаат сиве овие години, изјави директорот на „Ејч-би-о“, Кејси Блојс.
Роулинг ќе биде извршен продуцент, заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс. И Дејвид Хејман е во преговори за продуцент.

Писателката ја објави првата книга за Хари Потер во 1997., а последната, седма – во 2007 година.
Пред серијата, а по осумте филмови објавени 2001 – 2011 година, беше снимено и спин-оф продолжението „Фантастични ѕверки“ (Fantastic Beasts). Тие три филма заработија вкупно 7,7 милијарди долари, а потоа следеше и долгоочекуваната видеоигра „Хогвортс: Наследство“ (Hogwarts Legacy).

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.