Жената во авионот ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците во бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзе и да ја смири.
На летот на руската национална компанија „Aeroflot“ настанал тотален хаос на 10.000 метри кога една патничка се соблекла топлес, гризнала стјуардеса и се обидела да влезе во кокпитот на авионот. Руските медиуми пишуваат дека Анжелика Москвитина била под дејство на алкохол на летот од Ставропољ за Москва, а причината за нејзиното дивеење била никотинска криза.
Избезумената патничка инсистирала дека сака да запали цигара, а кога желбата не и била исполнета, настанал хаос. Ја соблекла кошулата, почнала да дивее, а патниците во бизнис класата морале да му помогнат на персоналот да ја врзе и да ја смири.