Се согласува ли грчката Влада со предлогот на Заев за уставни промени

Предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави “уште полош и онака лошиот Договор од Преспа” смета Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија “Нова демократија“ и бара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на Заев.
-Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Исто така, го потврдува инсистирањето на Скопје за постоење на наводна “македонска нација“. Иако владата го тврди спротивното треба веднаш да ја разјасни нејзината позиција. Се согласува или не со содржината на предлогот на Заев, вели Јоргос Кумуцакос, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.