Сопственикот на „Дејли меил“, компанијата DMGT, објави дека постигнала договор за купување на конкурентскиот весник „Телеграф“ во вредност од 650 милиони долари.
Потенцијалното купување и спојување на овие медиуми би создало една од највлијателните десничарски медиумски групи во Велика Британија.
Одлуката доаѓа кратко откако американската инвестициска фирма „РедБирд Капитал Партнерс“ се откажа од купување на „Телеграф“.
„РедБирд“ претходно планираше да ги преземе „Телеграф медиа груп“ и списанието „Спектејтор“ во партнерство со „IMI“ поддржан од Абу Даби, но регулаторните процеси и внатрешното уредничко противење ја забавија трансакцијата.
DMGT сега е во период на ексклузивност за да ги финализира условите за купување и да ги достави потребните регулаторни барања.
Компанијата нагласи дека нема да има странски владини инвестиции во новата структура.
Групацијата „Дејли меил“, во која веќе се вклучени „Мејл он сандеј“, „Метро“, „Ај пејпер“ и „Њу сајентистик“, вели дека „Телеграф“ ќе ја задржи уредувачката независност во рамките на групата.
The post Се создава најголемата десничарска медиумска група во Велика Британија: „Дејли меил“ го купува „Телеграф“ appeared first on Во Центар.



