Американските авиопревозници American Airlines и US Airways планираат да ја формираат една од најголемите светски воздухопловни компании, пренесуваат во четвртокот бројни светски медиуми.Управите на двете компании, според бројни неименувани извори, се состанале во средата заради одобрување на спојувањето. Официјална потврда се очекува да биде објавена во четврток.Најавеното спојување ќе ја зголеми пазарната вредност на American Airlines на приближно 11 милијарди долари и ќе се доближи до конкурентот Delta.Најголем удел во новата компанија ќе имаат стечајните доверители на American Airlines, кои поседуваат 72 отсто од компанијата. Оваа компанија пред повеќе од една година поднесе барање за заштита од банкрот.American Airlines постои веќе 80 години, а пред пет години се стекна со позицијата најголем светски воздухополовен превозник. Беше пионер во програмата за верност на патниците, а воведе и систем за спуштање на цените во зависност од побарувачката. Големите загуби ја турнаа компанијата во стечај.Од друга страна US Airways во изминатите години бележи добри деловни резултати.Двете компании преговараат за спојување уште од август минатата година кога потпишаа договор за размена на доверливи информации.Новиот превозник ќе делува под брендот на American Airlines, а се очекува за извршен директор да биде назначен актуелниот директор на US Airways, Даг Паркер. Наводниот договор треба да го одобри регулаторот за пазар и американскиот стечаен суд.Без подружниците, новата компанија ќе има околу 900 воздухоплови, ќе изведува над 3.000 летови и ќе вработува околу 100.000 лица.
МакфаксАмериканските авиопревозници American Airlines и US Airways планираат да ја формираат една од најголемите светск