Се срушија две згради во Марсеј

Рано утрово во францускиот град Марсеј се срушија две згради. Две лица се здобиле со полесни повреди, соопшти противпожарната служба на Франција. Причината за сега никој не ја спомнува, освен што медиумите известуваат дека уривањето на зградите предизвикало голем облак од прав, а на самото место на несреќата забалежано е зголемено присуство на пожарникари и полицајци со кучиња трагачи.
Населението е повикано да се држи настрана од таа локација и да не го блокира патот за службите за итни случаи да можат побрзо да поминуваат.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.