Се сруши спортски авион во Србија, со предниот дел се забил два метра во земја

Мал спортски авион Zlin 526F, со кој управувал 47-годишниот пилот Владимир Булат, утрово во 08:30 часот падна во близина на аеродромот Ечка кај Зрењанин. Булат, кој е претседател на Аероклубот во Зрењанин изведувал акробатски лет, а авионот паднал на полјана и се забил во земја и тоа на длабочина од два метра. Со истрагата која е во тек треба да се утврди дали се работи за механички дефект или за погрешна проценка на пилотот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.