Се сруши трговски центар во Мексико, загинаа најмалку седум луѓе

Најмалку седум лица загинаа откако во мексиканскиот град Монтереј се сруши трговски центар во изградба, изјавија официјални лица. Властите додаваат дека уште седум други лица се водат за исчезнати.
Петнаесет луѓе беа повредени и пренесени во најблиската болница, изјави локалниот секретар Генаро Гарсија на конференција за медиумите, објави АП. Се верува дека, како што посочи тој, сите жртви се градежни работници.
Градежните работи околу изградба на трикатниот трговски центар се одвивале без потребните дозволи за градба, наведоа мексиканските власти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.