Денес во регионов се регистрирани неколку земјотреси. Се тресе Грција, a регистрирани се повеќе потреси од 3 и 4 степени. Првиот со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран денеска околу 10 часот во Јонското Море, кај грчкиот остров Закинтос. Според Институтот за геодинамика на Националната обсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил во морето, на 58 километри југозападно од Закинтос.
Најсилниот потрес во Грција е регистриран по 13:30 часот со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.
Послаби земјотреси се регистрирани и во Турција и Малта.