За жал паѓањето во Вардар заврши фатално за девојчето од Гостивар. Вечерва после обемна потрага е пронајдено нејзиното тело во водите на реката Вардар крај Гостивар.
Околу 22 часот, од водите на Вардар во гостиварски Балиндол е извлечено телото на малолетно девојче, за кое претходно беше пријавено дека паднало во реката.
Според информации од полицијата, телото го пронашле жители на селото, а го извлекле полициски екипи. Девојчето не давало знаци на живот, а лекарите констатирале смрт.
Се очекува на местото да започне увид од Јавен обвинител. Се работи на утврдување на идентитетот на девојчето, кое неофицијално било на возраст од 17 години.