Се урна авион во близина на Загреб

Авион се урнал во саботата попладне во близина на Загреб, јавува хрватски „24 sata“.

Станува збор за помал авион кој се урнал во реонот на аеродромот во Јеждовац. Неофицијално, во авионот имало четворица членови на екипажот, објави хрватскиот медиум.

На местото на несреќата е испратена брза помош, како и пожарникари.

Се уште нема информации дали има повредени и починати лица и која е причината за паѓањето на авионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: